Адреса:
Game of Emperors АД
ДДВ №: BG205098993

Infinity Tower
бул. „Бугарија” 69, спрат 16
Софија, 1404
Бугарија

Контакт:
Имејл: support_mk@imperialsupport.org
Телефон : +359 24 233 244, Не е за помош во играта

ПОЛИТИКА НА КОЛАЧИЊАТА
Последно ажурирање 20.10.2017

Game of Emperors може да користи колачиња (cookies), веб-бикони, распознавачки пиксели и други технологии за распознавање кога го посетувате нашиот веб-сајт www.imperiaonline.org или друга форма на медија, медија канал, мобилен веб-сајт или мобилна апликација, сврзани со веб-сајтот, кои ќе помогнат во неговото персонализирање и ќе го подобрат Вашето искуство.

Го задржуваме правото да правиме промени по оваа Политика на колачињата во секое време и заради каква и да било причина. Ќе Ве известуваме за извршените промени со тоа што ќе го ажурираме датумот на "Последно ажурирање" на оваа Политика на колачињата и нема да бидете информирани дополнително или под друга форма за секоја таква промена или модификација. Сите промени или модификации ќе влезат во сила моментално со објавувањето на ажурираната Политика на колачињата на веб-сајтот. Ви препорачуваме периодично да ја прегледувате оваа Политика на колачињата за да бидете информирани за ажурирањата. Ќе се сметате за известени, како и дека сте ги прифатиле и подлежите на промените во секоја ревизирана Политика на колачињата во случај кога употребата на веб-сајтот од Ваша страна продолжува после датумот на кој е објавена последната ревизирана Политика на колачињата.

УПОТРЕБА НА КОЛАЧИЊА

Колаче претставува стринг од информација кое Ви назначува уникатен идентификатор кој го зачувуваме на Вашиот компјутер. Вашиот веб-прелистувач го обезбедува овој уникатен идентификатор секогаш кога ќе испратите барање до нашиот веб-сајт. Користиме колачиња на веб-сајтот за да ги следиме услугите кои сте ги користеле, за да зачуваме информација за Вашата регистрација, за да ги зачуваме Вашите кориснички подесувања, за да Ве држиме најавени во веб-сајтот, да ги олесниме платежните процедури и да ги следиме страниците од веб-сајтот, кои ги посетувате. Колачињата ни помагаат да разбереме како се користи веб-сајтот и да го подобриме Вашето искуство.

ВИДОВИ КОЛАЧИЊА

При посета на веб-сајтот, можат да бидат употребени следните видови колачиња:

1. Рекламни колачиња

Рекламните колачиња се зачувуваат на Вашиот компјутер од рекламирачи и рекламни сервери за да покажуваат реклами за кои е најверојатно дека може да Ве интересираат. Овие колачиња на рекламирачите и рекламните сервери им дозволуваат да собираат информација за Вашите посетувања во нашиот и во други веб-сајтви, да ги променуваат рекламите испратени кон определен компјутер и да пребројуваат колку често е прегледана дадена реклама и од кого. Овие колачиња се поврзани со компјутер и не собираат персонална информација за Вас.

2. Аналитички колачиња

Аналитичките колачиња набљудуваат како корисниците достигнуваат до веб-сајтот и каква е нивната интеракција и движење во него кога веќе се на него. Овие колачиња ни помагаат да разбереме кои делови на веб-сајтот работат најдобро и кои делови можат да се подобрат.

3. Наши колачиња

Нашите кочачиња се колачиња од "прва страна" и можат да бида постојани и привремени. Тие се неопходни колачиња и без нив веб-сајтот нема да работи правилно или нема да обезбедува некои функционалности. Некои од нив може да бидат исклучени рачно од Вашиот веб-прелистувач, но тоа може да влијае на фунционирањето на веб-сајтот.

4. Персонализирачки колачиња

Персонализирачките колачиња се употребуваат за распознавање на повторни посетители на веб-сајтот. Ги користиме овие колачиња за да ја запишеме Вашата историја на пребарување во веб-сајтот, страниците кои сте ги посетиле и Вашите подесувања и параметри секојпат кога го посетувате сајтот.

5. Колачиња за безбедност

Колачињата за безбедност помагаат да се идентифицираат и спречат ризици за безбедноста. Овие колачиња ги користиме за да автентицираме корисници и да ги заштитиме нивните податоци од неавторизирани страни.

6. Колачиња за управување на сајтот

Колачињата за управување на сајтот се употребуваат за да ја поддржуваат Вашата идентичност или сесија на сајтот за да не бидете неочекувано исфрлени и за да се зачувува информацијата која ја препраќате од страница на страница. Овие колачиња не можат да бидат исклучени индивидуално, но имате можност да ги исклучите сите колачиња во Вашито веб-прелистувач.

7. Колачиња од трети страни

Колачињата од трети страни можат да бидат зачувани на Вашиот компјутер од доставувачи кои обезбедуваат различни услуги за нас кога го посетувате нашиот сајт. Овие колачиња на третите страни им дозволуваат да собираат и следат определена информација за Вас. Овие колачиња можат да бидат рачно исклучени во Вашиот веб-прелистувач.

КОНТРОЛА НА КОЛАЧИЊАТА

Поголем дел од веб-прелистувачите се подесени да ги прифатат колачињата по подразбирање. Меѓутоа Вие можете да отстранувате или да откажувате колачиња во Вашиот веб-прелистувач. Ве молиме имајте во предвид дека вакви дејства можат да влијаат на работата и функционирањето на сајтот.

За повеќе информација како да ги контролирате колачињата, проверете ги подесувањата на Вашиот веб-прелистувач или апарат.

Како дополнување, можете да се откажете од некои од колачињата од трети страни преку инструмент за откажување, објавен од Network Advertising Initiative.

ДРУГИ РАСПОЗНАВАЧКИ ТЕХНОЛОГИИ

Освен колачиња, на сајтот може да користиме и веб-бикони, пиксел тагови и други распознавачки технологии кои би помогнале за неговото персонализирање и Вашето подобро искуство. Веб-бикон или пиксел таг е минијатурен објект, вграден во веб-страница или електронска пошта. Тие се користат за пребројување на корисници кои посетиле одредена страница или отвориле електронска пошта, како и за придобивање на други статистички податоци. Тие собираат само ограничено количство податоци како број на колачето, датум и час на прегледот на страницата или електронската пошта, како и опис на страницата или електронската пошта на која престојуваат. Веб-биконите и пиксел таговите не можат да бидат откажувани. Меѓутоа можете да ја ограничите нивната употреба преку контрола на колачињата кои имаат интеракција со нив.